Целосно изгоре стан на ул. „Рузвелтова“, другите станови спасени

Целосно изгоре стан во општина Карпош. Имено, скопската противпожарна бригада денеска мораше да интервенира при пожар кој избил во стан во зграда на улицата „Рузвелтова“.

Како што се дознава, пожарот избувнал во кујната, а потоа ги зафатил и другите соби.

Поради силината на пожарот морале да интервенираат 15 пожарникари кои на терен биле излезени со неколку специјални возила. Борбата со пламенот траел околу половина час. Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот пред да се прошири во зградата, но станот е целосно изгорен.

Во пожарот нема повредени станари или пожарникари. Нема информации колкава е причинетата штета во станот и целата зграда.