Центарскиот пајак активен: казнети 100 непрописно паркирани возачи

– Минатата недела со помош на возило „пајак“, отстранети се 46
непрописно паркирани возила, а со поставување на блокатор санкционирани
се 54 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле
корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани – информираа од
ЈП ПОЦ.
Од ПОЦ апелираат граѓаните да ги оставаат своите возила само на
пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите
нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата
безбедно движење по улиците.