Центарскиот пајак не се уморува

Во општина Центар повторно се „жнееле“ епрописно паркираните автомовили. Имено. ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ во текот на минатата недела казнила 263 возачи за непрописно паркирање.

Во периодот од 9 до 15 декември, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети биле 151 непрописно паркирано возилао, а со поставување механичко средство „блокатор“ санкционирани се 112 возила, кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници резиденти на секторот во кој биле паркирани.

„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведат во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици“, велат од Општината.