Црна Гора испраќа тешко болни ковид-пациенти на лекување во Австрија

Црна Гора добива помош од Австрија во лекување на болни од Ковид-19. Имено, Австрија прифати уште еден тежок ковид-пациент од Црна Гора на лекување. Тоа е трет пациент од Црна Гора што е однесен на лекување во Австрија.

Пролетта првиот тешко болен Црногорец беше примен на одделот за интензивна нега во Клагенфурт, а за Божик вториот сериозно болен пациент беше примен на одделот за интензивна нега во Грац.

-Солидарноста е повеќе од убав збор за нас. Особено врз основа на нашето блиско партнерство со земјите од Западен Балкан, нашата помош се подразбира. Особено се заблагодарувам на клиниката во Винернојштат и покраината Долна Австрија што веднаш беа подготвени да помогнат во оваа ситуација, истакнал министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг.

Претходна вестЌе бројат чаши вода на министрите или ќе проверуваат како работат со народните пари?
Следна вестМицкоски работи на создавање парламентарно мнозинство, а Иницијативен одбор во ВМРО-ДПМНЕ работи тој да замине на вонреден конгрес