Црниот биланс стаса до 700 починати од вирусот, денеска меѓу нив и 23-годишно момче од Св. Николе

Нов црн биланс поради корона вирусот со дури седум починати пациенти е забележан во Македонија во изминатово деноноќие. Министерството за здравство соопшти дека меѓу починатите е и младо момче од само 23 години од Свети Николе.

-Починати се 7 лица, двајца пациенти од Струмица (52 и 62г), еден од Дебар (54г), пациентка од Штип (53г), пациентка од Прилеп (66г), пациент од Кочани (66г) и еден пациент од Свети Николе (23г), се наведува во информацијата.

Според сознанијата, момчето најпрво се лекувало на Инфективното одделение од болницата  во Велес, а потоа било префрлено на Инфективната клиника во Скопје по појавените компликации. Од Инфективната клиника во Скопје за медиумите објаснија дека пациентот имал коморбидитети, односно висок крвен притисок, епилепсија и прекумерна телесна тежина.

Инаку, во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 10 , Куманово 4 , Штип 1, Прилеп 1, Тетово 5, Гостивар 4, Крива Паланка 1, Радовиш 1, Кочани 9, Пробиштип 1, Берово 5, Делчево 1 и Кичево 2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 176.017 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 16780, бројката на оздравени пациенти е 13949, на починати е 700, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2131.

Претходна вестРусите побрзо ја пратија кучката Лајка во вселената од Шилегов стационарот што го прави
Следна вестОружје и муниција пронајдени во куќа во Скопје, приведено едно лице