Тукушто родено бебе пронајдено на тревник во Топанско поле

Машко бебе било оставено на улица-тротоар во Топанско поле. Тукушто роденото бебе вчера со возило на Брза помош било однесено во Детската клиника каде е констатирано дека е стабилно и во добра здравствена состојба.
Инаку, бебето било пронајдено сосема голо, оставено во тревата. Докторите проценуваат дека било родено само неколку часа предда го пронајдат, што го утврдиле по папочната врвца која била пронајдена во паркот каде што било оставено беспомошното бебе.
Бебето било пронајдено од случаен минувач, кој го слушнал плачот.
Од полиција уверуваат дека работат на откривање на идентитетот на мајката и околностите во кои новороденчето било оставено само.