Тупанчески: Мора да бидеме внимателни со ветингот, Албанија остана без доволно судии и обвинители

Предупредување дека мора многу да се внимава пред да стигнеме до процесот на ветинг искажа денеска министерот за правда Никола Тупанчески.

Како пример ја посочи Албанија која, практично, по спроведувањето на ветингот остана без судии и јавни обвинители.

-Осумдесет проценти од апелационото подрачје не го поминаа тој филтер. Од 9 судии во Уставен суд, 6 судии не го поминаа, вклучувајќи го и претседателот на Уставниот суд. Веќе две години ,Албанија укажува дека нема доволен број судии, рече Тупанчески на првиот панел во рамките на годишната конференција ,, Година на нови можности”.

Според Тупанчески , при проверка на судиите и јавните обвинители треба да се земат предвид 4 критериуми: интегритет, квалификации, поврзаноста со организиран криминал и имотната состојба.

-Во нашата држава подолго време се заговара процесот на ветинг, но пред да стигнеме до него, потребно е да одговориме на неколку прашања: Дали ветингот ќе биде парцијален и дали ќе се однесува на судството и обвинителството или пак на сите избрани и именувани функционери. Дали ветингот ќе биде направен со постојните капацитети што ги имаме затоа што во моментот нашата држава располага со капацитети кои би можеле да се позанимаваат со оваа проблематика и третиот сегмент е , дали би го правеле со постојната регулатива или со нова која исклучително ќе ја третира оваа материја. Се согласувам дека треба да има филтрација, проверка, но она што треба да го одговориме е начинот на кој тоа ќе го направиме, рече Тупанчески.

 

Претходна вестБританци измамиле фирма од Пробиштип, ја оштетиле за 425.653 евра
Следна вестВо Србија објавен Речник на македонски глаголи