Турција нема да го блокира приемот на Финска и Шведска во НАТО

Турција нема да го блокира приемот на Финска и Шведска во НАТО откако трите земји потпишаа меморандум со кој се опфатени причините поради кои официјална Анкара најави блокада на приемот.

-Имам задоволство да соопштам дека постигнавме договор кој го отвора патот за прием на Шведска и Финска во НАТО. Турција, Финска и Шведска потпишаа меморандум во кој се земаат предвид турските грижи, како извоз на оружје и борбата против тероризмот“, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на самитот на НАТО во Мадрид, што ќе трае три дена.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно кажа дека ќе го блокира зачленувањето на двете скандинавски држави во НАТО. Тој ги обвини Финска и Шведска дека им даваат засолниште на членовите на Курдската работничка партија и на приврзаниците на Фетулах Ѓулен, кои Турција ги смета за терористи.

Финска и Шведска решија да се откажат од својата долгогодишна политика на воена неутралност по руската инвазија на Украина и во мај аплицираа за членство во НАТО.

Претходна вестНа Медитeранските игри во Алжир злато за Нуров, бронза за Егоров
Следна вестМутациите на Омикрон ќе го зголемуваат бројот на случаите на Ковид-19, подготвени ли сме за тоа?