Уапсен 18-годишен ученик во Сомбор, се заканувал со оружје

Во Сомбор полицијата уапси 18-годишник од Сомбор поради сомнение дека сторил кривични дела загрозување на сигурноста и недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материјали.

На социјалните мрежи се заканувал дека ќе дојде на училиште со автомат, што и усно го повторил.

По наредба на Основниот суд во Сомбор, полицијата извршила претрес во станот во кој живее осомничениот и пронашла осум куршуми.

На 18-годишникот му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава е спроведен во Обвинителството на Основното јавно обвинителство Сомбор.

Не престануваат ваквите закани, по масакрите во Врачар и Младеновац.

Претходна вестСтружанец без дозвола изградил станбен објект, инспекцијата бара да го сруши
Следна вестСе заканувал со пиштол на паркинг во Скопје