Уапсен инспектор на УЈП, кој барал поткуп од 700 евра

Полицијата го приведе Ј.К. (63) од Скопје, вработен како инспектор во Управата за јавни приходи, поради примање поткуп.

Тој во својство на службено лице во текот на мај и почетокот на јуни, постапувајќи по налог за контрола на ДДВ, од сопственик на правно лице од Скопје побарал парична награда поткуп во износ од 700 евра за да преземе службено дејство што не би смеело да го преземе, односно да изготви записник со помал наод, кој по негово кажување требало да изнесува 600.000 денари.

Ј. К., по претходен телефонски разговор и договор за средба, во текот на денешниот ден во Скопје ги побара и прими паричните средства во побараниот износ по што од страна на полициски службеници е приведен. По претходна наредба од судија на претходна постапка, извршен е претрес кај лицето, при што се пронајдени паричните средства што беа дадени од страна на правното лице. По документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Претходна вестИсториски успех: Калин Ивановски во четвртфиналето на јуниорскиот Вимблдон!
Следна вестПетти ден од протестите: Напад и пукање кон колоната кај „Мавровка“, избегнат сериозен инцидент