Крадец соголил возило, веднаш уапсен од полицијата

Фатен крадец во Прилеп. Вчера на ул.„Орде Тутески” во Прилеп, полициски службеници го лишиле од слобода прилепчанецот К.Ш.(29).

– Тој бил фатен веднаш по извршување „тешка кражба” од возило „опел астра”, сопственост на Г.М.(46) од Прилеп, паркирано на ул.„Илија Василески”, при што одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица, информираат од МВР.

Од полицијата соопштуваат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестНекој мисли и на сиромашните, отворил маркет во кој може да пазарат само лица со ниски приходи
Следна вестТим за санкции од Вашигтон дојде во Македонија заради „поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери“