Уапсен министер во Виетнам – вештачки ги зголемувал цените на тестовите за Ковид-19

Сомнежи дека извршиле вештачко зголемување на цените на тестови за Ковид-19 е причина за апсењето на виетнамскиот министер за здравство Нгујен Тан Лонг и градоначалникот на Ханој Чу Нгок Ан од страна на виетнамската полиција.

Виетнамските медиуми јавуваат дека Нгуен Тан Лонг е сменет од министерската функција, а Чу Нгук Ан, поранешен министер за наука е сменет од функцијата градоначалник. Истрагата против нив се заснова на сомнежи за злоупотреба на службената положба. И двајцата се исклучени од владејачката виетнамска комунистичка партија.

Истражните органи претходно открија дека Министерството за здравство и Министерството за наука и дозволиле на „Виет А Технолоџи“ (Viet A Technologs) да ги напумпа цените за комплетите за тестирање за Ковид доставени до болниците и здравствените центри во Виетнам.

Речиси 60 лица се приведени или се под истрага во врска со случајот, вклучувајќи министерски службеници, здравствени експерти и виетнамски армиски генерали.

Извршниот директор на „Виет А“ беше уапсен во декември. Тој признал дека компанијата продавала комплет со тест за ковид по цена од околу 20 долари, што е 45 отсто поскапо од првичната цена на комплетот.