Уапсен напаѓачот кој повреди две лица во Белград, меѓу кои и македонски државјанин

Уапсен е напаѓачот кој повреди две лица во белградската населба Врачар. Припадниците на УКП и ПС Врачар го идентификуваа и приведоа напаѓачот кој е осомничен дека во понеделникот околу 19:40 часот на улицата Максим Горки во Белград пукал од пиштол и ранил две лица. По наредба на заменик виш јавен обвинител му е одредена мерка притвор до 48 часа, соопштуваат од српската полиција.

Инаку Македонски државјанин еден од ранетите, пренесуваат српските медиуми. Според информациите македонскиот државјанин Д.Л.(21) е еден од двајцата повредени во пукањето. Тој се здобил со две прострелни рани во грбот. Како што пренесува „Информер“, тој најверојатно бил случајно застрелан.

Ранет е 29-годишниот А.П.(29) кој веќе и е познат на полицијата поради бројни криминални дела. Станува збор за лице со 12 кривични пријави за дрога, оружје, разбојништво итн, по кое во тек била и потера за издржување затворска казна. Тој бил застрелан во ногата и е надвор од животна опасност.

Недалеку од местото каде што е застрелан А.П., полицијата го пронашла македонскиот државјанин кој бил застрелан во грбот. Засега не се знае дали бил во друштво на А.П, или пак случајно бил ранет. Се претпоставува дека биле ранети од истиот напаѓач.

Претходна вестБитолчанка нудела сексуални услуги на Широк сокак, во период кога имало голем број шетачи
Следна вестЗагрижувачко, питомите скопјани ја губат битката со дивите – невоспитани сограѓани