Уапсен прилепчанец, полицијата пронашла пиштол во неговиот дом

Денеска полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп го лишиле од слобода Д.Т.(64) од Прилеп.

Имено, при извршен претрес на дом и други помошни простории во Прилеп кои ги користи Д.Т. пронајден е пиштол калибар 7.65мм, како и 45 парчиња муниција кал.7.65мм.

Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ на РСМ, соопшти полицијата.

Претходна вестПациент нападнал друг пациент во психијатриската болница во Демир Хисар
Следна вестХрватско МВР: Добивме сериозна закана упатена кон премиерот и министрите