Уапсен продавач на дрога и оружје

Откриен завчера скопјанец кој тргувал со дрога и оружје. Имено, полицијата поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против 41-годишен маж поради недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
– Врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други простории кај пријавениот А.С. и при претресот биле пронајдени и одземени пиштол CZ 100 калибар 9мм, 10 куршуми калибар 9мм, 14 куршуми со калибар 7,62х39mm, кокаин, амфетамини и неколку предмети со остатоци од кокаин, соопштуваат од МВР.
Лицето веднаш било уапсено.