Темен режим Режим на светлина

Уапсен скопјанец, шверцувал мигранти од Кина и Пакистан

Ни претстои ли нова бегалска криза од Блискиот Исток, се активира ли повторно Балканската рута? Ни претстои ли нова бегалска криза од Блискиот Исток, се активира ли повторно Балканската рута?

Вчера во 16.45 часот на место викано „Солунски пат“, во близина на границата со Р.Грција, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран го лишиле од слобода 31-годишниот Ј.М.

од село Синѓелиќ, скопско, поради тоа што со патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, превезувал шест лица-мигранти, од кои пет од Кина и еден од Пакистан.

Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија и Прифатниот центар за странци-Гази Баба во Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Денеска на Плаошник ќе биде погребан Владиката Тимотеј

Следна објава

Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј е погребан на Плаошник