Уапсен убиецот од Младеновац кој со калашников уби 8, а рани 13 лица, имал и соучесник

Утрово кај Крагуевац по голема потрага на српските специјалци уапсен е Урош Б., лицето за кое има основани сомневања дека убил 8, а ранил 13 лица. Тој синоќа со калашников кај Младеновац извршил вистински масакр. Според првичните сознанија, се работи за лицето кое порано не било осудувано но е пријавувано за насилство.

Тој по расправија во училишен двор во селото Дубона убил најмалку осум лица, иако неофицијалните информации велат дека се убиени десет а ранети 13 лица.

Напаѓачот наводно влегол во конфликт со децата и затоа пукал, вели сведок од Дубона за порталот Нова.рс. Почнал да пука од Дубона, а потоа посетил уште две села. Убиен е полицаец кој се обидел да го спречи. Убиена е и неговата сестра.

Постојат сомневања дека тој имал и соучесник бидејќи, според зборовите на сведоците, пукал од задното седиште на автомобилот.

По пукањето Урош побегнал, а полицијата тргнала во огромна потера. Во крвав поход, според некои информации, Урош Б. пукал во дури 18 луѓе, бегајќи низ две села. За него во селото велат дека бил малку чуден, но дека никој не обрнал премногу внимание на тоа.

Напаѓачот наводно влегол во конфликт со децата и затоа пукал, вели сведок од Дубона за порталот Нова.рс. Почнал да пука од Дубона, а потоа посетил уште две села. Убиен е полицаец кој се обидел да го спречи. Убиена е и неговата сестра.

Мештаните на Дубона велат дека таткото на напаѓачот бил полковник и дека напаѓачот „било добро момче”.

-Не бил проблематичен, секогаш изгледал како мирно и добро дете. Татко му дошол овде за Велигден и купил свиња, раскажува локален жител за Курир.

Претходна вестКонески велеше дека е единствената наша комплетна татковина, се слави Денот на македонскиот јазик
Следна вестДодека полицијата го бараше масовниот убиец од Србија споделува музика од „Јужни ветар“