Уапсена е Босанката Мирнесa која ограби милион евра

На аеродромот во Штутгарт е уапсена Мирнеса С., осомничена за грабеж на повеќе од еден милион евра во Германија. Германскиот Билд пишува дека обрачот секој ден се стеснувал и на крајот резултирал со апсење на 42-годишна државјанка на БиХ, чие целосно име е Мирнеса Бешлиќ од Бусовача.

Според првите информации, таа е уапсена денеска на аеродромот и изгледала значително поинаку од фотографиите кои ги објавила на социјалните мрежи.
Таа во октомври украла еден милион евра додека работела во компанија која меѓу другото вршела и транспорт на пари во Штутгарт. Парите ги ставила во црна торба и исчезнала.

Полицијата понудила награда од 37.500 евра за информација каде се наоѓа жената која украла огромна сума пари. Засега не се знае како полицијата ја лоцирала Мирнеса и дали им помогнал некој од граѓаните или блиските луѓе на ограбувачката.

Претходна вестАрсовска бара од скопските општини да воведат задолжителен паркинг за велосипеди
Следна вестМалолетник нападнат од тројца насилници на Бит Пазар