Поранешната израелска воена обвинителка Јифат Томер-Јерушалами е
приведена во рамките на истрагата за протекување на видеоснимка, на која
се гледа како израелски војници малтретираат палестински притвореници во
2024 година во затвор со висока безбедност.
Обвинителката Томер-Јерушалими во петокот поднесе оставка, а вчера на
кратко исчезна, што предизвика шпекулации за евентуален обид за убиство.
Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен Гвир денес
изјави дека е договорено затворската служба да дејствува со зголемена
будност, за да ја осигури безбедноста на поранешната обвинителка во
притворскиот центар, каде што е префрлена.



