Уапсена скопската измамничка осудена на 17 години затвор

29

Полицијата вчера успеала да ја уапси 65-годишната Б. П. од Скопје која се барала за издржување на затворската казна. Во информацијата на МВР се наведува дека таа е упасена на улица “Гостиварска” на подрачјето на Ѓорче Петров.

-Таа се барала по потерница за издржување на казна затвор во траење од 17 години за сторени кривични дела “измами” и “даночно затајување”. Потоа била спроведена во Казнено поправната установа „Затвор Идризово” на издржување на казната, информира полицијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестСе уште има ресторани што ги прекршуваат протоколите
Следна вестДа престанат да не лажат, не е почната кампањата, а веќе ни ветија две милијарди евра