Уапсени Албанки, Косоварки, Србинка и Украинки во гостиварско, го злоупотребиле туристичкиот престој

185

Полицијата вчера приведе 16 странски државјанки (Албанија – 7, Косово – 3, Србија – 1 и Украина – 5) кои биле пронајдени во гостиварско. Тие се приведени бидејќи престојувале спротивно на целта, односно го злоупотребиле туристичкиот престој, соопшти МВР.

– Вчера, во периодот од 1.20 до 2.45 часот, полициски службеници од Оддлението за прекуграничен криминал, странци и реадмисија Тетово и Полициската станица за граничен надзор Попова Шапка при Регионалниот центар за гранични работи „Север“ извршиле контрола во угостителски објекти во гостиварските села Врапчиште и Неготино, сопственост на Ф. Б. и С. Т. При контролата во објектите биле затекнати 16 странски државјанки (Албанија – 7, Косово – 3, Србија – 1 и Украина – 5) кои престојувале спротивно на целта, односно го злоупотребиле туристичкиот престој, соопшти МВР.

Тие биле приведени во ОВР Гостивар и против нив се поднесени барања за поведување прекршочна постапка според Законот за странците, а од страна на судот им се изречени глоби и прекршочни санкции.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестНа Сонцето се случиле три многу моќни блеосци тврдат научниците
Следна вестБензините од ноќеска на полноќ поскапи за денар и пол