Уапсени две момчиња кај Бит-пазар за поседување на марихуана

Поседување марихуана било причината за апсењето на две момчиња во две одвоени полициски акции што се сличиле викендов на скопски Бит-пазар.
Во полицискиот извештај се наведува дека 22-годишниот Б.М. е приведен вчера изутрина во 03.30 часот, а 19-годишниот А.Ц. ноќеска во 01.30 часот.
Не се наведува колкави количества на оваа опојна супстанца се најдени, а полицијата најави дека по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.