Уапсени три млади лица заради поседување марихуана

Три млади лица на возраст до 23 години се уапсени во три одделни акции кои вчера ги спровела полицијата на скопското подрачје. Во првиот случај, вчера во 15.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Ѓорче Петров“, го лишиле од слобода А.Ј.(23) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

На улица „Веле МАрков“ од слобода во 20.10 часот е лишен Р.В.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. Во 22.30 часот на подрачјето на Гази Баба уапсен е Е.М.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, соопшти полицијата

По документирање на случаите против сите овие лица него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ предлага три модули за наставата во училиштата
Следна вестНа улица за 300 луѓе сега живеат 3.000, може ли вакво Скопје да издржи 800.000 жители?