Во јуни годинава жителите на Аеродром се израдуваа дека ќе се воведе макар и минимален ред во фрлањето на кабастиот отпад. Станицата за собирање на таков вид отпад кој ја нагрдува населбата во близина на спортската сала на почетокот нависитина ја имаше таквата функција. Но, како што одминуваше времето, таа се поретко се празнеше а се повеќе отпад се трупаше во неа.
Така е и во изминатиот период. Станицата е преполна а веќе со недели никој не доаѓа да ги собере фрлените фотељи, плакари, ормани, врати, прозорци… Ако нешто не се преземе аеродромци наскоро ќе добијат нова депонија во срцето на населбата.
Надлежните општински власти кои во јуни се пофалија со оваа идеја треба да побрзат да се расчисти оваа депонија. Или, веќе заборавиле на неа?