Убаво: Герасимовски ја донираше платата за лекување на ученикот Никола

Своја мартовска плата како помош за лекување на болниот ученик Никола Трајковски донирал градоначалник на скопската општина Центар Горан Герасимовски. Со тоа тој даде свој придонес во акцијата за собирање на парични средства за извршување на оперативна интервенција на овој ученик кој живее на подрачјето на Центар.

Герасимовски упати и апел до другите граѓани да бидат хумани.

-Мојата мартовска плата ја донирам за интервенција на нашиот ученик од 4-то одделение во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, Никола Трајковски. Тој боледува од аневризма на главата и потребна му е финансиска помош за понатамошно лекување во Германија. Ве повикувам и вас, сите хумани граѓани да донирате и да го споделите овој повик. Ајде заедно да му помогнеме на Никола да победи во оваа тешка животна борба. Општина Центар и центарци се познати по својата хуманост. Тука сме биле секогаш да подадеме рака и да пружиме помош онаму каде што е најпотребна. Да го докажеме тоа уште еднаш, објави Герасимовски на својот профил на Фејсбук.

Претходна вестАрхитектонска изложба во МКЦ – Скопје: нови индустрии на стари локации
Следна вестЗдруженијата кои трагаат по националниот идентитет се важни за демократијата, образложение на грчкиот суд за постоењето на „Центарот за македонски јазик“