Убаво: исчистена депонијата, се прави мини парк кај железничката станица

Конечно се исчистија неколкуте мини депонии во близина на железничката станица. На оваа локација повеќе од една деценија неодоговорните скопјани фрлаа што ќе стигнат.

Градската механизација го исчисти теренот и се најавува дека просторот ќе прерасне во нова зелена површина во Скопје.

-Станува збор за површина од над 6.000 квадратни метри и преку ЈП Улици и патишта во изминатиов период ја исчистивме таа дива депонија и исфрливме повеќе од 15.000 кубни метри смет. Денеска вршиме увид на овој нов јавен простор каде што треба да никне и мал парк и детско игралиште, со цел овој меѓник меѓу општините Аеродром и Центар да го уредиме, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.

Да се надеваме дека скопјани ќе бидат поодговорни и нема просторот пак да го користат како дива депонија туку како место за релаксација.