Убаво, пуштен во употреба новиот булевар „Христијан Тодоровски – Карпош“

DCIM100MEDIADJI_0873.JPG

Нов булевар „Христијан Тодоровски – Карпош“ кој ќе помогне за побрзо одвивање на сообраќајот во северниот дел на градот од денеска е пуштен во употреба. Новиот булевар на подрачјето на општина Бутел е со вкупна ширина од 40 метри, со вкупно 6 коловозни ленти од по 3,5 метри (по 3 ленти во двата правци), велосипедски патеки од двете страни со ширина од 2,5 метри, пешачки патеки од двете страни со променлива ширина и простор за средишно зеленило и зелен појас од двете страни на булеварот.

осега единствената сообраќајна опција за поврзување со централниот дел од Скопје на неколку десетици илјади жители од Бутел, Радишани, Љубанци, Љуботен, Чучер-Сандево и други населени места беше улицата Бутелска, на која се создаваше голем сообраќаен метеж. За овие граѓани новиот булевар ќе биде нова сообраќајна алтернатива. Со него го завршивме едно од најдолгите поврзувања на релација север-југ кое почнува со улицата Бихаќка во населбата Црниче, продолжува речиси праволиниски по булеварите Кочо РацинКрсте Мисирков и Цветан Димов, па преку Христијан Тодоровски Карпош се поврзува со скопската обиколница, изјави на свеченоста Петре Шилегов, градоначалник на Скопје.

Булеварот ќе овозможи побрз излез на обиколницата за околу 100.000 граѓани кои живеат во северниот дел од градот, особено од Чаир, Скопје Север, Топанско поле и од Железара, со што ќе се релаксира сообраќајот во целиот град. За изградбата на оваа делница во должина од два километра, која се протега од крстосницата со булеварот Босна и Херцеговина“ до клучката на скопската обиколница, Град Скопје потроши 285 милиони денари или околу 4,6 милиони евра.