Убаво: Се чисти депонија-ќе стане парк во К. Вода со многу дрвја

Општина Кисела Вода ќе добие нов парк. Се просторот на поранешната дива депонија меѓу железничката пруга и улицата „Лазар Димитров“.

Работите се во тек, а се предвидува на ова нова зелена површина да се засадат над 150 листопадни и 240 зимзелени садници, како и околу 400 украсни грмушки. Паркот ќе располага и со систем за наводнување и хидрантска мрежа со вкупна должина од 500 метри. Освен тоа, тој ќе биде партерно уреден и со детски игралишта.

Деновиве во тек е и уредување на поранешната дива депонија во општина Аеродром во близина на Нова железничка станица. Ова е во рамките на плановите на градските и општинските власти за уредување на досега запустени површини.