Убаво, во Кисела Вода се садеа дрва во паркот „Шопен“

Повеќе десетици зимзелени и листопадни  дрвја и украсни садници се насадени денеска во паркот “Шопен“ во Кисела Вода. Градоначалникот Филип Темелковски со садење на неколку дрва го означија почетокот на акцијата за зазеленување и намалување на аерозагадувањето.

-Дрва се садат во паркот „Шопен“ и по должината на трим патеката, лоцирана покрај железничките пруги. По ова, активностите за садење дрва ќе продолжат да се одвиваат и во урбаната заедница „Расадник“ и на улицата „Сердарот“, во селото Драчево, соопшти општината.

Убаво, да се надеваме дека и по тоа акцијата со садење на дрвца ќе продолжи бидејќи има многу простор во општината што треба да се раззелени. 

Претходна вестДодавале кислород во водата, но пак има голем помор на риби во Тиквешко езеро
Следна вестДванаесетмина починати и нови 641 заразен од Ковид-19