Политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије е убиен во Техеран, објави иранскиот државен медиум „Прес ТВ“, повикувајќи се на информации од иранската револуционерна гарда (ИРГЦ).
Од Хамас, во објава на нивниот канал на Телеграм, велат дека Ханије е убиен заедно со неговиот телохранител во, како што наведуваат, израелски напад врз неговата резиденција по присуството на инаугурацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан на 30 јули.
Си-ен-ен пренесува изјава од израелската војска каде се вели дека „не одговараат на извештаите во странските медиуми“, откако иранските државни медиуми објавија дека политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије бил убиен во Иран.
-Не е јасно кога Ханије е убиен, пренесува Си-ен-ен.
Од иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) велат дека убиството на Ханије е под истрага, а резултатите ќе бидат објавени подоцна денеска.
Официјален претставник на Хамас вели дека групата е „подготвена да плати различни цени“, откако нејзиниот политички лидер е убиен во Техеран, додава Си-ен-ен.
Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари на својот профил на Икс објави дека нема промени во домашната одбранбена политика.
Првично нема потврда за смртта на Ханије од израелската страна, пренесува ДПА.
Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари на својот профил на Икс објави дека нема промени во домашната одбранбена политика.