Убиено 22-годишно момче во тепачка меѓу две семејства во Струмица

Едно лице е убиено а три други се повредени во тежок инцидент што се случи синоќа во Струмица. МВР потврди дека синоќа се случил иницидент на  улица „Бетовенова“ во Струмица, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Директорката на струмичката болница Катерина Кузмановска потврди дека момче на 22-годишна возраст синоќа е донесено во болницата во безживотна состојба. Во тепачката меѓу две семејства биле повредени и еден шеснаесетгодишен малолетник и две жени. Повредените се надвор од животна опасност.

Од полицијата повеќе информации за настанот најавуваат за денеска.

Претходна вестКакво време дојде ЕУ не притиска да ни даде „датум“
Следна вестТренер по хип-хоп од Словенија осомничен за кражба на велосипед и поседување дрога