Ученичка во средно училиште во Словенија била нападната со нож

11

Ученик нападнал и повредил ученичка со нож во ходникот, по што наставата била откажана во средното медицинско училиште во Мурска Собота. Ученичката била повредена во лицето и грбот, а осомничениот бил уапсен од полицијата.

Директорката на средното медицинско училиште во Мурска Собота, Златка Лебар, потврдила за словенечки Н1 дека во училиштето имало напад со нож, но дека ситуацијата е под контрола.

Порталот „Соботаинфо“ наведува дека напаѓачот наводно го напуштил училишниот простор по нападот и се упатил кон Домот за стари лица „Ракичан“. Полициската управа во Мурска Собота објавила дека во 9:40 часот наутро биле известени дека „непознато лице напаѓало минувачи со нож во едно од средните училишта“, а подоцна потврдила дека ученикот ја повредил ученичката, која се здобила со полесни.

Истрагата за инцидентот е сè уште во тек.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестДенеска е најстудениот ден од почетокот на годината во Србија, прогласена вонредна состојба
Следна вестПоради недостиг на пристап на докази, Минесота ја прекинала истрагата за агентот на имиграциските власти кој усмрти жена