Завршена е реконструкцијата и реновирањето на ученичките тоалети во ОУ „Ѓорче Петров” во Општина Ѓорче Петров. Со ова значително се подобрени хигиенските и функционалните услови во училиштето.
Реконструкцијата опфати нов и функционален распоред, повеќе кабини прилагодени на потребите на сите ученици независно од возраста, а воедно и тоалет за учениците со попречености.
-Вложувањето во училишната инфраструктура претставува вложување во здравјето и безбедноста на учениците, се вели во соопштението од Општина Ѓорче Петров.



