Учениците во „Кочагин“ евакуирани од наставата, дали повторно е добиена дојава за бомба?

Во тек е евакуацијата во скопската гиманзија „Раде Јовчевски – Корчагин“ во општина Центар. Според информациите, ненадејно била прекината наставата на петиот час во претпладневната смена откако заѕвонило училишното ѕвоно десетина минути пред регуларниот крај на часот. Веднаш потоа учениците добиле налог да го напустат училиштето без да им се каже која е причината за прекинот на наставата.

Од МВР се уште не потврдуваат дали се работи за добиена закана за подметната експлозивна направа.

Кон крајот на првото полугодие оваа гимназија беше меѓу оние скопски училишта кои најчесто добиваа закани за подметнати бомби преку електронската пошта.

Според неофицијалните информации, се врши евакуација и во гиманзијата „Јосип Броз“, во „Орце Николов“ и во „Владо Тасевски“.

Претходна вестСторителот кој свирепо тепаше куче во радовишко доби пријава од полицијата
Следна вестМаж од Уганда има 12 жени, 102 деца и 578 внуци, на некои сопруги им ги заборавил имињата