Ученик давел врсник и со нож се заканувал во училиште во скопски Аеродром

Ученик од шесто одделение во основното училиште Браќа Миладиновци во Аердором пред два месеца носел нож на часовите и им се заканувал на децата дека ќе ги убие, алармираа денес родителите од одделението. Во писмо до медиумите тие информираа за настанот, коментирајќи дека покрај тоа што се заканувал, тој давел и дете до снемување воздух, а истепал и неколку соученици, како и наставник, а неговото поведение со години е проблематично. И покрај нивното инсистирање, ништо во меѓувреме не било преземено, велат тие.

Случајот пред два месеца бил пријавен во МВР од страна на директорката на училиштето.

– На 23 март во 11 часот телефонски во полициска станица А.В. (46), директорка на ОУ Брака Миладиновци пријавила дека на 22.03.2023 одземен бил нож од 11 годишен ученик. Полициски службеници излегле на место на настанот и бил извршен разговор со А.В. која појаснила дека на 22.03.2023 околу 09.30ч. таа и стручна служба од училиштето му го одземале ножот на ученикот, по што бил извршрн разговор од нивна страна со родителот на детето. На 23.03.2023год околу 09.30 часот истото дете со клуч од врата им се заканувал на соучениците, по што наставничката И. Н. извршила разговор до детето, по што тоа го напуштило училиштето, велат од МВР за случајот.

Во извршен разговор подоцна со директорката, таа информирала дека секојдневно од страна на стручен тим педагог и психолог се работи со ученикот и дека од социјален работник од ЈУМЦСР е разговарано со детето.

Од друга страна, родителите, во писмото велат дека свикале итна родителска средба во присуство на директорката на училиштето, која им ветила некои санкции, меѓу кои присуство на часови од личност назначена од директорот и зголемено надгледување од страна на дежурни наставници пред нивната училница, но зборот не бил одржан.

Додаваат дека поднеле барање до дирекцијата на училиштето, Општина Аеродром и МОН, Центарот за социјала, за преместување на ученикот во друго училиште бидејќи и покрај се’ однесувањето на проблематичното дете се влошува, а директорката вчера им забранила влез во училиштето на одредени родители. Според нив, реакциите се сведени на преписки од една до друга институција.

Претходна вестЧествувања: Македонскиот јазик е врежан во националната и културната меморија
Следна вестЛевица: Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик не придонесува за негова заштита