Професорка била избоденасо нож во Франција. Поточно средношколец до смрт ја избол професорка по шпански јазик во училиште во францускиот град Сен Жан де Луз, јавува Би-би-си. Локалниот обвинител Џером Бурие го потврди нападот за новинската агенција АФП, а локалните медиуми објавија дека инцидентот се случил за време на час денеска наутро.
Професорката имала педесет години и починала од срцев удар кога брзата помош пристигнала на местото на настанот, јавуваат локалните медиуми.
Францускиот весник „Суд Кест“ пишува дека напаѓачот влегол во училницата додека професорката по шпански предавала и ја нападнал.