Темен режим Режим на светлина

Удрил во паркирани автомобили, повредени возачот и 19 годишен сопатник

Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Две лица се повредени во сообраќајна незгода која вчера се случила во Тетово, соопшти полицијата.

МВР информриа дека возач на автомобил со тетовски регистарски таблички удрил во три паркирани автомобили.

-На 13.06.2024 во 07.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница на ул.„Илинденска“ со ул.„Киро Ристоски Дрнц“ во Тетово, патничко моторно возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.З.(30) од Тетово, удрило во паркирани патнички моторни возила: „Форд“ со тетовски регистарски ознаки, патничко моторно возило „Фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки и патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, се вели во соопштението на МВР.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека со телесни повреди се здобил сопатникот Љ.А.(19) од тетовско Гајре, констатирани во Клиничка болница Тетово.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ѓорческа сè уште чека виза за да заигра на Вимблдон

Следна објава

Изработен нов електронски дневник, ќе се тестира во неколку основни и средни училишта