УХМР: Претпладне променливо облачно, поладне пороен дожд и грмежи

Во Скопје времето денес ќе биде  променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде 7 степени а максималната 21, велат од УХМР.

Во останатите делови од земјата ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен ветер од северен правец што ќе услови значително заладување, а на планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во слаб снег. Температурите ќе се движат од 1 степен до масксимални 23.

Претходна вестБурно ракометно дерби: Вардар убедлив против Еурофарм Пелистер, војна на трибините – летеа факели, шишиња, петарди…
Следна вестПред 31 година македонската армија го проследи заминувањето на последниот војник на ЈНА од Македонија