УКИМ: Хакиран ни е фејсбук профилот од непознат субјект

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје ја информира јавноста дека е изведен хакерски напад на Фејсбук-страницата на Универзитетот и таа во моментов е контролирана од непознат субјект.

-Се извинуваме за настанатите непријатности и се оградуваме од сите објави на неа, до повторно преземање на администрирањето од страна на службите на УКИМ. Истовремено, ве информираме дека се преземени сите активности во согласност со Статутот на УКИМ, позитивната законска регулатива во државата и правилата на работење на Фајсбук, се наведува во соопштението на УКИМ.

Претходна вестПаднатиот чемпрес кој го засадила Мајка Тереза ќе биде заменет со нов
Следна вестАлабаковски до Владата: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка