Украдени 16 слики од Павле Кузманоски во Матица Ексклузив

Два дена по отварањето на изложбата на слики во Мултимедијалниот културен центар Матица Ексклузив од уметникот Павле Кузманоски, украдени се 16 негови ретки дела во маслена техника, пастели, акварели и цртежи во туш на тема урбани пејсажи создадени во последните 60 години.

Според сознанијата, кражбата е извршена во два наврата, прво во саботата, а по  извршениот полициски увид, во три часот изутрина во неделата.

– По големата кражба во седумдесетите години на минатиот век на делото на Пикасо од Музејот на современа уметност во Македонија, денес сме сведоци на кражба и на исклучително вредни уметнички дела од нашиот голем сликар. Станува збор за 16 негови ретки дела во маслена техника, пастели, акварели и цртежи во туш на тема „Урбани пејсажи создадени во последните 60 години. Во неделата наутро, околу 3.15 часот, иста слика. Во двата наврата се одземени вкупно 16 слики, шест во саботата и уште 10 во неделата. Ќе чекаме резултати од истрагата и се надеваме дека сторителите ќе бидат најдени и казнети и сликите вратени, наведуваат од Матица Ексклузив.

Претходна вестДве лица загинаа откако излетале со трактор
Следна вестБЕГ ги загуби и лиценците за снабдување и дистрибуција на топлинска енергија