Украина е подготвена да разговара со Русија, вклучително и за неутралниот статус во однос на НАТО, изјави денеска за советни на украинскиот претседател Володимир Зеленски за странските агенции.
-Ако се можни разговори, тие треба да се одржат. Ако од Москва велат дека сакаат да разговараат, вклучително и за неутралниот статус, не се плашиме, можеме да разговараме и за тоа, изјавил преку текстуална порака Михаило Подољак за Ројтерс.
Украина во моментов не е дел од НАТО или Европската Унија, иако досега властите јавно декларираа дека сакаат да станат членка и на двата сојузи, додека официјална Москва жестоко се противеше на ваквите намери, а неутралниот статус и демилитаризацијата на Украина го наведуваше и меѓу своите барања непосредно пред инвазијата.
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, пак, денеска рече дека Москва е подготвена на разговори со Киев доколку се предадат опколените украински трупи.
Тој повтори и дека целта на Русија не е да ја окупира Украина туку да ја демилитаризира.
Прашан дали желбата на Москва била да ја собори демократска земја, Лавров одговорил дека таа земја не може да се нарече демократска.