Уличните напади и инциденти се засилуваат – не е ли време за полициски патроли?

Насилство, кражби, физичките напади и пресметки, Скопје неретко наликува на град од криминалните и акциони филмови. Во еден ден во билтенот на СВР Скопје е регистрирано дека на 02.12.2019 во 17.40 часот било пријавено оти во аптека во близина на Зелен пазар, две лица со закана од вработените одзеле пари и мобилен телефон.

Истиот ден вечерта во 21.15 часот во СВР Скопје, Т.Н.(44) од Скопје, пријавил дека во 19.15 часот на ул.„Петар Поп Арсов“ бил физички нападнат со тврд предмет од К.Н. МВР презема мерки за расчистување на случајот.

Скопјани почнуваат да не се чувствуваат безбедно во град, во кој како што умеат постарите да кажат, „некогаш не беше проблем и на клупа во било која населба да преспие човек“. Сега е друго време…, па МВР треба поревносно да го обезбедува мирот преку полициски патроли насекаде во градот. Актуелните случувања ни покажуваат дека во спротивно – црните билтени на МВР само се „збогатуваат“.