„Уметност и архитектура“ од вечерва во Меѓународниот балкански универзитет

„Уметност и архитектура“ е насловот на изложбата што се отвора денеска во универзитетскиот кампус на Меѓународниот Балкански универзитет (МБУ). Посетителите ќе уживаат во повеќе од 200 дела изработени од студенти на Факултетот за уметност и дизајн и на Факултетот за инженерство.
На отворањето на изложбата ќе говорат Деканката на факултетот за уметност и дизајн, проф. д-р. Александра Ристовска и раководителот на Катедрата за архитектура проф. д-р. Александар Андовски. Поставката содржи над 200 дела меѓу кои слики, цртежи, постери, фотографии од студентите од студиските програми за уметност и дизајн, заедно со макети, цртежи на резиденцијални објекти, ентериер, индустриски дизајн, театри, јавни објекти, проекти за урбанизам и други објекти во фокусот на студентите по архитектура.