Унгарија испраќа нови полицајци во Македонија

Унгарија ќе испрати 30 полицајци во Србија и Македонија, за да им помогне на двете земји во спречувањето на влез на илегалните мигранти.  Со оваа таа потврдува декја ги поддржува активностите поврзани со чување на границите на земјите од Западен Балкан.

На веб-страницата на унгарската полиција е наведено дека главна задача на полицијата е патролирање со цел спречување и откривање илегални мигранти, илегални гранични премини и шверцери на луѓе.

– Нашите колеги нема да служат само во непосредна близина на границата, туку и во подалечни области. Екипите ќе патуваат со теренски службени возила, а ќе користат и рачни уреди за ноќно набљудување, како и рачни и мобилни термални камери, се наведува на сајтот.

Унгарските полицајци ги извршуваат своите должности под контрола и надзор на органите за спроведување на законот во земјата домаќин.

Претходна вестСедум возрасни лица и едно дете први ќе ја примат терапијата со лекот за цистична фиброза „Трикафта“
Следна вестПовторно неуспех за ЈАХА, уништена уште една ракета