Унгарски машки камерен хор во рамките на „Скопско лето“

„Св. Ефраим“ е името на машкиот камерен хор од Унгарија, што вечерва ќе настапи во рамките на „Скопско лето“ во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“. Овој хор е најпопуларната вокална група во Унгарија, чиј меѓународен успех почна во 2006 година на Меѓународниот фестивал на православната музика Hajnowka, во Полска, каде што ја доби првата награда во професионална категорија „ода на хор“.
Хорот настапувал и на повеќе фестивали низ светот, а често пати и на верски музички настани. Досега има издадено 10 албуми, од кои едниот, насловен „Bizantine Mosaics” ја доби наградата Суперсоник, во 2010 година во Луксембург.