Унгарскиот филм „Кинцсем – обложи се на одмазда“ вечерва во Сули ан

Скопје периодов е полн со културни манифестации во рамки на „Скопско лето“. Вечерва во 21 часот на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан, се случува унгарскиот филм „Кинцсем – обложи се на одмазда“ (KINCSEM), снимен во 2017 година.
Станува збор за историска авантура во траење од 121 минути, во режија на Габор Херенди, а улогите се на Ервин Наѓ, Андреа Петрик, Тибор Гашпар.
В недела, 14.07.2019, ќе се одржи проекција на филмот „Кариран нинџа“ (TERNET NINJA) (2018), Данска, со македонска синхронизација.