Универзална сала нема среќа, оставена е во чекална

Скопската Универзална сала нема среќа. Ја разрушија пред години со цел да ја направат – поправат и никако таа реконструкција да продолжи. Уште се чека и покрај најавите дека ќе прејде во надлежност на Министерството за култура. На ова денеска се пожали и министерката за култура Бисера Костадинова – Стојчевска која причината за застојот ја насочи кон Градот Скопје.

-Министерството за култура се уште нема ништо преземено во врска со Универзална сала. Имаше само две гласања на седница на Советот на Град Скопје, каде советниците се согласија ингеренциите за реконструкција да преминат на министерството. Но, за да биде финализирано треба Град Скопје да го подготви договорот кој треба да го потпишеме, изјави денеска Костадиновска-Стојчевска на МТВ.

Таа додаде дека од изгласувањето на одлуката два пати се обратиле до Град Скопје, но за жал не добиле повратна информација.

-Се добива впечаток дека сега Универзална сала припаѓа на Министерството за култура, но тоа не е така. Ние дури и излеговме од ингеренциите и припремивме предлог одлука, за да ја убрзаме постапката и со пропратно писмо ја пративме до службите на Град Скопје, да помогнеме, но немаме никаков одговор, рече таа.

Инаку, во јули – август годинава Советот на Скопје и градоначалничката Данела Арсовска се согласија доградбата на овој култен објект за скопјани да прејде во раце на владиниот ресор за култура. За тоа се донесеи и соодветни одлуки.

Универзална сала почна да се реновира во септември 2021 година во мандатот на поранешниот градоначалник Петре Шилегов, но градежните работи беа прекинати по доаѓањето на Арсовска. Универзална сала е затворена 7 години и оттогаш обновата никако да се заврши. Градежните работи за реконструкција почнаа во септември 2021 во мандатот на ексградоначалникот Петре Шилегов. Според проектот, салата требаше да се гради во две фази, прво надворешноста за што беа обезбедени околу 2 милиона евра од Владата и префрлени на наменска сметка на Град Скопје. По завршување на надворешноста ќе се преминеше кон втората фаза, внатрешноста. Според најавите, првата фаза требаше да биде готова до крајот на 2022. Но, по доаѓањето на функција на Арсовска градежните работи беа прекинати. Градоначалничката го обвини минатото раководство на Градот дека е виновно што концертната сала не се гради оти направило небезбеден проект.

Претходна вестКовачевски: Владата ја предложи Миликије Халими за директорка на „Аеродроми“ врз основа на универзитетска диплома
Следна вестПосетата на „Аја Софија“ повеќе нема да биде бесплатна, влезот бесплатен за муслиманите и турските државјани