Универзитетот на Мерко ќе школува и лекари, доби дозвола од министерот Шаќири дал дозвола

Меѓународниот универзитет во Струга, зад кој стои капиталот на градоначалникот на општина Струга, Рамис Мерко, сега ќе го има и Факултетот за медицински науки. Ваквата одлука ја одобри сопартиецот на Мерко во ДУИ, министерот за образование и наука во заминување, Јетон Шаќири, објави ИНА.

Идните студенти ќе можат да студираат медицински науки во оваа приватна високообразовна институција, која има и неколку други гранки како што се Факултетот за економски науки, правниот факултет, информатика и политички науки.

Од Министерството за образование и наука потврдија дека се исполнети условите за започнување медицински студии на УНС. Позитивно мислење дадоа и Агенцијата за квалитет на високото образование и Одборот за акредитација.

Ова ќе биде шестиот факултет по медицински науки, кој се основа во Македонија. Со законски измени неодамна беше основан Факултет за медицински науки на Универзитетот „Климент Охридски“ во Битола, а лани на 8 јуни со одлука на Владата, беше дадена дозвола за основање на основање на Факултет за здравствени науки при Приватната високообразовна установа Меѓународен универзитет „Визион“ Гостивар.

Од Миинистерството за обрзование и наука (МОН) за МКД.мк изјавија дека не станува збор за медицински факлутет кој ќе образува лекари туку за факултет кој треба да изнедри нови медицински сестри и друг здравствен персонал.

-Поради потребата од повеќе здравствени работници во државата, Владата во изминатиот период поддржа повеќе иницијативи за основање на нови единици во состав на неколку високообразовни установи кои ќе реализираат студиски програми од соодветната област. Во состав на МИТ универзитетот во Скопје, на Меѓународниот Балкански Универзитет, како и на Европски универзитет веќе работат Факултети за дентална медицина. Дадени се согласности за почеток со работа на Факултети за здравствени науки при Универзитетот на Југоисточна Европа, Меѓународниот Балкански Универзитет и Меѓународниот Универзитет Визион. Исто така, од страна на Владата дадено е и позитивно мислење за основање на Факултет за здравствени науки при Меѓународниот универзитет во Струга, каде ќе има тригодишни студии за медицински сестри. Погрешна е информацијата дека ќе има студии за едукација на доктори. Решение за почеток со работа, како и акредитации на студиски програми издава Агенцијата за квалитет на високото образование, велат од МОН за МКД.мк

 

Претходна вестПустинска прашина од Сахара денеска и утре ќе ја зафати Македонија
Следна вестМаринакис: Оксиморон е едната страна да бара од другата да го изоди целиот пат, од моментот кога не го почитува ерга омнес името