Ударнички работело Собранието годинава или не?

Крај на годината е, вообичаено е да се сумираат резултатите од сработеното. И Парламентот сумирал, пресметувал, анализирал… и заклучил:

Собранието работело 88 дена, а најмногу заостанати закони има по собраниските комисии.

Ова денеска на брифинг го сумира собранискиот спикер Талат Џафери. Во тој речиси тримесечен период Собранието одржало 39 нови седници, а 50 со продолженијата од минатата година.

Ова е ударничко работење на парламентарците или не е? Оценка ќе си даде секој гласач во Македонија посебно.

На пример Џафери оценувајќи ја работата на Парламентот посебно нагласува дека годинава активната блокада на ВМРО-ДПМНЕ довела до нов начин на работа. Но, само тоа беше проблемот?

Џафери достави и листа на незавршени комисиски расправи за закони и други точки кои се заглавени на овие тела поради што не можат да бидат поминати на пленумот. Предничи собраниската Комисија за образование и наука каде има десет незавршени точки, а потоа следуваат комисите за здравство со девет, за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика, за надзор над мерките за следење на комуникациите со по осум точки и за финансирање и буџет со седум закони.

-За причините за незавршувањето на овие седници на комисиите треба да се прашаат парламентарните групи и нивните координатори, рече Џафери.

Епа не ли се кординираат во Собранието? Мнозинството некогаш прифаќа ли забелешки од малцинството за полесно да оди работата?

И кога се прави биланс на годината, се направи ли и за редовноста на пратениците или за тоа кој најмногу патни трошоци зема или за тоа кој никогаш ништо не кажал од говорница или…?

 

Претходна вестЗапленети над 1000 парчиња петарди, а кога ќе се открие кој ги „увезува“?
Следна вестМалолетник нападнат од неколку лица кај Бит Пазар