„Урбани пагани“ во МКЦ

Од вчера вечер до 13 септември скопјани ќе можат да уживаат во групната изложба насловена како „Урбани пагани“ во Младинскиот културен центар. Изложени се 50 дела изработени во најразлични техники: слики, колажи, цртежи, графики, фотографии и склуптури, од неколку автори. Станува збор за Стефани Христов (апликант), Горазд Христов, Игор Љубовчевски – Љубац, Весна Ничевска, Гордана Винчиќ, Дарко Богданов и Смиле Цветановски.
-Идеја за изложбата се роди кога независно еден од друг, неколку уметници се споивме и забележавме дека секој од нас, на својастрана твори на слична тематика. Секој од нас припаѓа на своја генерација, работиме во различни техники но сепак се појави желбада ги обединиме доживувањата, да ги заокружиме во заеднички проект и изложба, стои во обраќањето на авторите.